×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ресторанот во Пелинце да се даде под закуп, затоа што работи со загуба, побара опозицијата

    27.05.2020 10:18 | KumanovoNews

    Ресторанот во Пелинце, со кој стопанисува ЈП „Чистота и зеленило“, да се издаде под закуп побара опозицијата на денешната седница на Советот во Општина Куманово.

    Ресторанот во Пелинце да се даде под закуп, затоа што работи со загуба, побара опозицијата

     „Официјално барам од надлежните да започне поготовка за издавање на објектот и да биде издаден на користење на друг правен субјект.  Да се надеваме дека ќе се најде некој закупец, угостител од фелата, кој ќе го разработи овој објект, а вие како јавно претпријатие средствата што ќе добиете ќе ги пренасочите за друга намена. Оваа мој предлог го потврдувам со фактот дека тој со години работи со загуби и му создава непотребни трошоци на претпријатието“,  рече советничката Анета Шандева од ВМРО-ДПМНЕ.

    Советничката како позитивен пример го посочи издавањето на парастас салата на градските гробишта.

    Директорот Даниел Стојчевски, истакна дека тој во континуитет е напаѓан од опозицијата за лошо работењето на овој објект, но дека тие не можат да бидат конкурентни во приватните угостители поради законските ограничувања.

    „Ќе кажам само една анегдота, за време на Светското првенство сакавме да организираме следење на натпреварите и журка на младите, меѓутоа за тоа ми беше потребно да распишеме тендер за храна, па дури и за ангажирање на жива музика. Во однос на предлогот треба да се запази процедурата дали Советот може да носи таква одлука, бидејќи објектот е во владение на Општината“, истакна Стојчевски.

    Советникот Миле Андоновски од Партијата на пензионерите, кажа дека ресторанот е споредна содржина за посетителите на меморијалниот центар АСНОМ, па замоли на тој простор суштината да не биде профитот на угостителска дејност, туку историско значење за државата, и затоа побара да се задржи неговиот сегашен статус и Општината да го финансира неговото работење.