×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • РЕТРОСПЕКТИВА И НОВАТА НОРМАЛНОСТ/НЕ НОРМАЛНОСТ

    06.06.2020 10:51 | KumanovoNews

    Драги сограѓани, чувствувам потреба, а и одговорност најпрвин како Ваш сограѓанин, потоа како претседател на општинската организација на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) -Куманово, во овој период да Ви се обратам, затоа што состојбата во нашиот град и нашата држава МАКЕДОНИЈА е далеку од нормална.

    РЕТРОСПЕКТИВА И НОВАТА НОРМАЛНОСТ/НЕ НОРМАЛНОСТ

    Насловот го одбрав да биде  РЕТРОСПЕКТИВА и НОВАТА НОРМАЛНОСТ/НЕ НОРМАЛНОСТ, но пред да дојдеме до новата нормалност/не нормалност би сакал да направиме ретроспектива на настаните што ни се случија во изминатите три години поточно од 1 јуни 2017 година со стапување на новата влада на чело на државава предводена од СДС.

    Гледано од денес, 2017 година и не е толку далечна, но на посочениот период до денес бевме сведоци на се` освен на она што до 1 јуни 2017 го сметавме за нормалност. Видовме како се гази и подгазува националното достоинство, идентитетот, историјата, јазикот, моралот, етиката итн., односно се` она што го сметавме за нормално и нормални вредности коишто секоја држава, народ ги има и ги поседува, кои преку образовниот процес и семејното воспитување се пренесуваат од колено на колено и така се јакне и државата и народот, сега стануваат изгубени вредности.

    Сега како логично прашање се поставува ЗОШТО во овој период подгазивме се`? Која беше целта? И на крај што добивме?

    Овие прашања ги поставувам затоа што сметам дека денес како резултат на отстапките и деградациите кои што ги доживеавме како народ и држава, а кои ги направи владата на СДС добивме едно големо НИШТО. Ниту живееме подобро, ниту добивме датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, ниту 500 евра просечна плата, ниту почист воздух итн. а изгубивме БИБЛИСКО ИМЕ и се` она што е највредно за еден народ (Идентитетот).

    За изминатиот период од владеење на СДС овие неколку реченици се малку за да се напишат, но „де факто“ се најтешки за една држава и народ кои не ни помислувавме дека може да се случат.  Но,  се случија и што е тука е, новата НЕ НОРМАЛНОСТ е креирана.

         Меѓутоа сега би сакал да се фокусирам на моменталната сосотојба со која се соочуваме- КОРОНАТА и инсистирањето на избори.

    Секојдневно сме сведоци на бројките кои ги гледаме со инфицирани од вирусот и опасноста која  демнее врз нас и нашите најблиски, а од друга страна не убедуваат дека ситуацијата е под контрола и дека во најскоро време треба да одиме на избори.

    Пак, како логично прашање се поставува зошто и која е целта?!

    За жал, измината недела сведоци сме дека едноставното форсирање на избори ни се удри од глава, целото тоа ловење на гласови на етничка и верска карта, целото шетање и водење кампања со наводните хумунитарни акции за време на епидемија, делење на флаери низ градовите, резултираше на начин којшто никој не го посакува и директно доведување на луѓето во животно загрозувачка сосотојба.

    Образложение од Владата е демек мораме, ни се заканува економска катаклизма и дека со ова мораме да живееме (ПА НЕЛИ ДО ЈАНУАРИ БЛЕСКАВМЕ во економијата). Па како тоа од ситуација “блескаме во економијата” да дојдеме до ова дереџе?!  ДА, за жал, со вирусот мораме да живееме, меѓутоа тој ризик по здравјето на граѓаните мора и треба да биде сведен на минимум.

    Што се однесува на прашањето која е целта?

    Можеби одговорот треба да се бара во евентуалното блокирање од страна на Бугарија поради непризнавањето на историјата  и јазикот, прашање кое се проблематизира со потпишување на договорот за добрососетство, бидејќи некој превземал обврска, затоа што овој договор како и оној со Грција за нашата држава не предизвикува како секој нормален договор ПРАВА и ОБВРСКИ, туку само ОТСТАПКИ И ОБВРСКИ, или пак економската катаклизма и се пореалните гласини за девалвација на денарот. Не знам, во блиска иднина ќе видиме. Но, која и да е целта таа е ПРЕВИСОКА доколку се креира состојба која е животно загрозувачка за граѓаните.

    Затоа најпрвин ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ, па потоа избори.

    Што се однесува до изборите, сигурен сум дека инсистирањето за брзи избори при вакви услови покрај гореспоменатите цели за кои се плашам дека сум во право, се` од причина што прогнозите на СДС се дека народот нема да излезе на гласање поради влеаниот страв од ширењето на вирусот, а со тоа ќе се намали разликата во бројот на пратеници и пак како и во 2017 година ќе имаат шанса  да прават пост-изборни коалиции и да формираат влада.

    Почитувани граѓани верувајте само тоа е нивниот адут за овие избори- неизлезност.

    На договорениот датум за избори, којшто датум ќе биде потврден од Коалицијата за ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА, во период кога сппоред сите релеватни проценки  ризикот да се заразиме со вирусот е минимален и изборите ќе бидат организирани под услови во коишто скоро и да нема шанса да се заразиме од вирусот, бидејќи за нас  ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ е пред и над се, јас, мојот тим и мојата партија ќе ги вложиме сите ресурси, целиот капацитет и ќе излеземе на избори и заедно со Вас граѓаните ќе победиме и ќе ставиме крај на ова лудило и ова новата (не)нормалност. Ќе ставиме крај на деградациите на македонскиот народ и заедно ќе ја обновиме МАКЕДОНИЈА. Ќе ја направиме земја на социјален мир, земја во која што ќе владе правото, земја во која што здравјето, образованието, економијата и општа благосотостојба ќе бидат на пиедесталот.

    Жарко Милошевски, претседател на СПМ-Куманово