×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ретроспективна изложба на ликовното творештво на Боро Арсовски - Бабата во Куманово

    22.09.2025 13:29 | KumanovoNews

    Во изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, утре вторник во 20 часот,  ќе биде отворена Ретроспективна изложба на слики “55 – години ликовно творештво” на Боро Арсовски - Бабата.

    Ретроспективна изложба на ликовното творештво на Боро Арсовски - Бабата во Куманово

    Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин. Основно и средно образование завршил во Куманово. Со сликарство се занимава од 1969 година како сликар наивец и воедно изработува скулптури во камен и керамика – теракота. 

    Првпат излага во 1971 година со ДЛУК од кога е и член на друштвото со кое настапува на многубројни годишни изложби ширум Југославија.  Учествувал на преку 30 меѓународни ликовни колонии на наивна уметност во : Риека, Загреб, Петриња, Врбовец, Нови Винодолски –  Хрватска, Сански Мост, Лукавац –  Босна и Херцеговина, Врање, Светозарево – Србија, Требње – Словенија. Учествувано на преку 200 групни изложби и 4 самостојни. Неговите дела се лицитирани на неколку аукции во Белград и Скопје. Неговите слики се наоѓаат во многу галерии, музеи и приватни колекции ширум светот.  

    Творештвото на Арсовски се композиции проткаени со етнографски елементи и македонски народен фолклор. Посебност во неговото сликарство го чинат портретите кои се во натприродна големина ги вградува во зачудувачки сцени и ситуации.

    Изложбата е дел од годишната програма на Национални установи за 2025 година поддржани од Министерство за култура и туризам на Македонија.

    Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 15. октомври.