Ретроспективна изложба на творештвото на Ана Стоилковска
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 19.30 часот, ќе се одржи ретроспективна изложба на слики и цртежи на прерано починатата авторка Анка Стоилковска.

Изложбата содржи дваесетина дела од нејзиниот повеќегодишен творечки период.
Уметникот Гоце Божурски, за нејзиното творештво вели дека ја претставува неjзината љубопитност која постојано била условена од емотивните расположенија, кои и` носеле можност за нови изразувања во уметноста.
Ана Стоилковска потекнува од Куманово родена 1972 година, а почината на 22.12.2018 година. Таа завршила ФЛУ- во Скопје на графички оддел во класата на професорот Димче Николов, а пак магистерски студии завршила во Софија, Р. Бугарија на графички оддел кај професори Стојан Стојанов и Здравко Стојанов.
Во текот на својот живот има повеќе самостојни изложби како во Македонија, така и надвор од нашите граници во:Берлин, Париз, Софија итн.
Таа е добитничка и на повеќе награди.
Изложбата ќе биде поставена до 19 февруари.