×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ревија на венчални фустани носени од средината на минатиот век до денес

    24.09.2020 13:25 | KumanovoNews

    Етнолошка изложба на невестински фустани носени на венчавките во Куманово низ децении, ќе може да се проследи утревечер во 20 часот, во лапидариумот на Кумановскиот музеј.

    Ревија на венчални фустани носени од средината на минатиот век до денес

    На манифестацијата од ревијален тип - „Рапсодија во бело“, опфатен е периодот од 40- тите години на минатиот век па се до денес, со сите карактеристични трендови на градската мода која што се менувала под влијание на големите европски модни центри.

    Од скромноста и конзервативноста на воениот период, преку холивудскиот гламур во поствоено време, се менувале материјали и кроевидонесени од Лондон, Париз, Истанбул.

    - Се до средината на шеесетите години се носеле долги фустани до глежните и под колената, мини и миди, за подоцна во раните 70 сети да се појават венчаници во макси и хипи стил. Модерни се шапки со широк обод кои ќе бидат видоизменети по облик и форма во подоцнежните години. Осумдесетите се одбележани со послободен креативен потенцијал и потполно вклопување во новите светски трендови. Изразувам голема благодарност до сите мои сограѓанки кои своите невестински фустани ги извадија од заборав и ги донираа или позајмија за да може да ги види пошироката јавност и да се потсети на едни давнешни времиња полни со љубов од најбитниот момент во животот на жената, - вели Анита Ѓорѓиоска, кустос - советник од Музеј Куманово.

    Таа додава дека новиот век е одбележен со раскош, а венчалните фустани изгледаат како од бајките, додека дизајнерите на поновото време ќе остават свој личен белег, повремено навраќајќи се на ретро стилот и копирајќи ги највеличествените креации на своите предходници, старите кумановски шивачи.