Ригорозни казни и затвор за намерно предизвикување на пожар, најавува Кумановската полиција
07.07.2021 09:38
| KumanovoNews
Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат внимателни при движење во полето или шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња. Да се воздржат од палење огнови, кои можат брзо да пламнат и да се прошират односно да нанесат огромна штета.

„Секој што на било каков начин ќе предизвика пожар, ќе се соочи со ригорозни казни, а предвидени се и затворски казни. СВР Куманово презема мерки и за расчистување на случајот со пожарот во атар на село Пресница, општина Липково“, соопштува СВР Куманово.