×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ромите од Бавчи две недели без струја- протестираа пред ЕВН

    28.11.2014 14:01 | KumanovoNews

    Триесетина Роми од населбата Бавчи, денеска протестираа пред седиштето на ЕВН, бидејќи две недели немаат струја.

    Ромите од Бавчи две недели без струја- протестираа пред ЕВН

    Струјата им е исклучена поради неплатени сметки, но тие бараат струјата да им се пушти а долгот да го плаќаат на рати. Апелираат до ЕВН да имаат толеранција, бидејќи се работи за граѓани кои се невработени и живеат само од социјална помош.

    “Сите знаеме дека Ромите се најзагрозени во оваа држава и социјалната карта на Ромите ни е позната. Во таа населба луѓето 99 отсто се невработени. Сите се социјално загрозени. Ние знаеме дека петчлено семејство со 1200 или 1800 денари, не ќе може да стигне да ги плаќа сметките за електрична енергија, вода, ѓубрарина. Исклучени се сто домаќинства. Тоа е срамота три пати да ти кажат дека ќе те примат на разговор и да не го направат тоа. Со разговор секој проблем може да се реши. Имаме деца кои одат на училиште, болни од дијабетес, хендикепирани“ - вели Шаип Рамадани, граѓанин.

    Ромите апелираат до власта да им помогне, така што ќе им ги отпише долговите за потрошена струја.