Ромски фолклорен фестивал во Куманово
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ вечерва во 18 часот ќе се одржи ромскиот фолклорен фестивал “Јекипе -Единство 2015“.

На фестивалот ќе учествуваат седум ромски ансамбли од Македонија, а фестивалот го организира Здружението “Рушит Шакир“ од Куманово.
“Се обидовме да го направиме фестивалот меѓународен, но заради средствата останавме на ниво на Република Македонија. Се надевам дека ромските ансамбли ќе го покажат најдоброто. Се знае дека ние имаме традиција, шаренолики носии, секој град си има свои специфични игри и песни и ние од Куманово ќе се претставиме со сплет игри и песни. Ќе имаме гости од Куманово “Ултра“, КУД“Ѓоко Симоновски“ и “Срма“ - изјави Самет Салиевски, претседател на “Рушит Шакир“.
Фетсивалот се одржува 14-та година по ред, и влезот ќе биде слободен. Овој настан е под покровителство на општина Куманово и Министерството за култура.