Сакале да го нападнат, кога виделе дека е полицаец побегнале
04.07.2020 19:04
| KumanovoNews
Во СВР Куманово, Д.С.(24) од Скопје пријавил дека ноќеска во 00,40 часот додека се движел со своето патничко моторно возило „џета“ со скопски регистарски ознаки заедно со својата девојка, по локалниот пат Куманово-Скопје, во с. Љубодраг биле престигнати од патничко моторно возило „Поло“.

Во Ново Село од истото возило излегле четири непознати лица со бејзбол палки и сакале физички да го нападнат, по што Д.С. им се легитимирал дека е полициски службеник и лицата со возилото влегле во едно од дворните места во селото, - соопштуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.