×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Салмонела во мајонез е причина за труењето на дечињата во градинката во Куманово

    14.05.2021 13:24 | KumanovoNews

     Бактеријата салмонела во мајонез е причина за труењето на 66 дечиња и тројца вработени во три објекти на градинката „Ангел Шајче“ во Куманово, потврдија од Центарот за јавно здравје во Куманово. Станува збор за мајонез од фабричко производство кој бил во оригинално пакување од 960 мл.

    Салмонела во мајонез е причина за труењето на дечињата во градинката во Куманово

    Од затруените три дечиња се наоѓаат на болничко лекување, додека останатите се дома.

    „Се работи за акутно труење со храна предизвикано од салмонела. Заболени се дечиња на возраст од две до 6 годишна возраст, кои ги посетуваа градинките Синоличка, Пчелка и Кокиче. Заклучно со денешниот ден од почетокот на епидемијата, односно од 10 мај до сега има вкупно пријавено 66 дечиња, со симптоми на акутно труење со храна, покачена температура, малаксаност, чести проливи. Кај 31 детенце е изолирана салмонела, во тек се испитувања на уште на 5 копрокултури, кои пристигнаа во текот на денешниот ден. Направени се и вонредно здравствено-хигиенски прегледи на 12 вработени од кујните во трите објекти и кај тројца е изолирана салмонела“,  изјави д-р Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје во Куманово.

    Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) потврдуваат дека е изолирана бактерија салмонела во мајонез, откако извршиле лабораториски испитувања на мостри храна од јајца, мајонез и пилешки гради од кујната на детската градинка „Ангел Шајче“ од Куманово.

    „Со испитувањата изолирана е бактерија Sallmonela Spp  во мострата од мајонез“, соопштуваат од АХВ.

    Инспекциските служби на АХВ уште при првичната контрола од 10. мај издале решение за забрана на работата на кујната во градинка и наредба за спроведување на вонредно механичко и хемиско чистење, комплетна дезинфекција и спроведување на вонредни здравствени прегледи за вработените лица во кујната.

    „Забраната за работа на кујната и понатаму продолжува до повторно тестирање на брисеви од сите работни површини кои доаѓаат во контакт со храната и добивање на задоволителни резултати. Наредено е уништување на небезбедната храна која не одговара на микробиолошките критериуми за безбедност“,  велат од АХВ.

    Труењето со храна во три кумановски градинки се случи минатиот четврток. Дечињата првите симптоми ги почувствувале во петок, а за време на викенд бројот се зголемил и повеќето завршиле на инфузија во болницата.

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, најави дека ќе побара одговорност поради масовно труење на дечињата во градинката.

    „Чекам надлежните инспекциски служби да се произнесат по случајот и потоа ќе преземам дејствија во рамките на моите надлежности. Треба да има одговорност бидејќи недозволиво е во денешни услови, во такви капацитети да се појави салмонела. Ако имате изграден систем за контрола и ако се почитуваат сите процедури мора да дошло до одредени пропусти за да се случи тоа. Одговорно лице за менаџирање на градинката е директорот“, - кажа Димитриевски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа министерката за  Јагода Шахпаска, да побара одговорност од надлежните за труењето на децата.

    (С.Н.)