×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Сами Фрашери“ ќе се пресели во поранешната касарна, а не во училиштето „Вук Караџиќ“, порача Димитриевски

    04.02.2020 12:35 | KumanovoNews

     Предлогот на еден од членовите на Советот, гимназијата „Сами Фрашери“, која работи во просториите на поранешен ЗИК,  да се пресели во основното училиште „Вук Караџиќ“ е неприфатлив за Општина Куманово.

    „Сами Фрашери“ ќе се пресели во поранешната касарна, а не во училиштето „Вук Караџиќ“, порача Димитриевски

    Градоначалникот Максим Димитриевски ги демантираше гласините дека некогаш се разговарало за ваква опција, а дискусија на советникот Осама Муадини ја оцени како политичка, во предизборниот процес со цел да собере политички поени пред својот електорат.   

    - За такво нешто никогаш не се зборувало, а ниту пак, може да стане збор, затоа што не постојат законски услови за такво нешто. Проблемот со просторните услови на училиштето „Сами Фрашери“ ќе се решава во соработка со ресорното министерство. Ние сакаме тој проблем трајно да го решиме на веќе постоечката локација во поранешната касарна „Христијан Тодоровски Карпош“, каде што имаме веќе еден мал училишен комплекс, да се доизгради комплетно нов објект или да се реконструира некој од постоечките. За да се реши овој проблем, ресорното министерство треба да предвиди средства за капитални инвестиции, и врз основа на претходно дадено идејно решение да изработи градежен проект и да пристапи кон негова релаизација, - истакна Димитриевски.

     Тој информираше дека во неколку наврати Општина Куманово поднела барање и се обраќала до ресорното министерство за одговор, но се` уште нема официјалена информација до каде е постапката за решавање на овој проблем.

    Градоначалникот вели дека објектот на некогашен ЗИК во Куманово се планира да се искористи за потребите на Општината, да се дислоцираат дел од општинските служби, а и други државни институции, кога учениците ќе се преселат во новото училиште.