Самостојна изложба на академскиот уметник Мирослав Величковски - Мире
26.12.2022 11:13
| Сузана Николиќ
Во Салонот на Уметничката галерија во Куманово вечерва во 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на слики на академскиот уметник Мирослав Величковски - Мире.

На изложбата ќе бидат прикажани 20 ликовни дела, слики работени во техник акрил на платно и цртежи - дигитален принт. Ликовната продукција е ново творештво на авторот, работена во актуелната 2022 година под работен наслов „Двојна порта/ Double gate“.Станува збор за втроа по ред самостојна изложба на авторот.
Изложбата е дел од програмските активности на музејот и е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.