Санкции за 38 автобуси што вршат превоз на ученици, 13 упатени на вонреден технички преглед
22.02.2023 15:09
| KumanovoNews
Спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици во повеќе градови денеска во периодот од 06.00 до 10.00 часот. При контролата констатирани се 38 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 13 возила.

„Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас“, соопшти МВР.