Санкции за 62 возачи поради брзо возење во Липково и Куманово
20.02.2021 18:14
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово, денеска спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на територијата на Куманово и Липково.

При тоа санкционирани се 62 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Покрај тоа, од сообраќај биле исклучени 12 возила поради други прекршоци.