Санкционирани 63 возачи за брзо возење во Куманово
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на вчерашниот ден (10.04.2021) спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на територијата на Куманово.

Притоа, санкционирани се 63 возачи, кои управувале со брзина поголема од дозволената. При контролата откриени се и законски санкционирани и пет останати прекршоци.
„Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата“, соопштуваат од МВР.