×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ ќе изгради 15 детски игралишта во Куманово

    27.09.2019 09:54 | KumanovoNews

    Општинската организација на СДСМ од Куманово ќе изгради 15 детски игралиште со донации од членовите на извршниот одбор и потпредседателот Оливер Спасовски. Првото беше пуштено во употреба синоќа во населбата Тоде Мендол.

    СДСМ ќе изгради 15 детски игралишта во Куманово

    Претседателот на огранокот Мартин Костовски, вели дека оваа идеја потекнала од самите членови, а како резултат на тоа што на маалските средби била истакната потребата за вакви игралишта во сите делови на градот.

    „Нашите членови сообра лични средства, донации и решија на најмалите да им подарат детски игралишта на различни локации во Општината. Започнавме со „Тоде Мендол“, а идната недела ќе ги пуштиме и следните две во населбите „Перо Чичо“ во кругот на училишниот двор и во „Гоце Делчев“, кај т.н. Кошеви. Се надевам дека ќе не послужат временските услови и до 15 ноември ќе ги завршиме сите 15 игралишта“, - изјави Костовски.

    Тој се надева дека нивниот гест ќе потикне и ќе придонесе за будење на општествената одговорност и кај останатите фактори во општество.

    Детските паркови се изградени на бекатонска подлога со ризла, опремени со лулашки, клацкалици, со клупи и хортикултурно уредување.