×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Ќе обезбедиме минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра до крајот на мандатот

    11.03.2020 12:08 | KumanovoNews

     Минималната плата од 300 евра и просечната плата од 600 евра до крајот на мандатот-тоа е нашата понуда до граѓаните, рече Катерина Пешиќ Бошковска, портарол на ОО СДСМ Куманово, на денешната прес-конференција на која беше претставена листата на кандидатите за пратеници од Куманово.

    СДСМ: Ќе обезбедиме минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра до крајот на мандатот

    Носител на листата ќе биде Оливер Спасовски премиер на техничката Влада, на петто место на листата за кандидатите е претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски,  на 12-то место досегашната пратеничка Лидија Тасевска и на 16-то место е Драгана Коцевска. Како што велат од СДСМ, ова е листа на кандидати која нуди позасилен напредок и развој.

    Бошковска, рече дека со мерките и политиките во изборната програма нудат економски силна, стабилна, праведна и правна земја, членка на НАТО и земја која успешно преговара со Европската Унија.

    - Изборната програма на СДСМ се темели на пет столба: 100 илјади нови работни места и поголем раст на сите плати, грижа за сите граѓани, ред, дисциплина и правда, сите за „еко“ држава, влеговме во НАТО, а можеме и во ЕУ. Развиваме држава за достоен живот. Градиме систем во кој трудот на работниците се вреднува и плаќа. Плата од која останува и за живот. Сакаме држава во која младите остануваат и напредуваат. Покажавме дека со СДСМ платите растат повеќе и побрзо.  Ако можевме за две ипол години да ја извадиме земјата од финансиски колапс и да обезбедиме највисок раст на платите, сигурнни сме дека во следниот мандат можеме уште повеќе и уште подобро. Затоа нема дилеми, колацијата предводена од СДСМ е победничка коалиција на изборите на 12 април ,- додаде портпаролката.

    Таа, воедно, потенцираше и дека сите изборни единици се предводени од тандем носители маж и жена кои заедно со сите 120 кандидати за пратеници ќе работат двојно повеќе за уште подобри услови за граѓаните.

    Исто така, ја искористи приликата и упати апел до сите сограѓани да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија, во врска со тековната состојба со корона вирус.