×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ да излезе од опозицискиот филм, му одговори Петрушевски на Илиевски

    27.05.2020 13:22 | KumanovoNews

    Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, експресно одговори на обвинувањата на секретарот на општинската организација Оливер Илиевски, повикувајќи СДСМ да излезе од филмот дека е во опозиција и да ја прифати реалноста во која се наоѓаат граѓаните и државата.

    СДСМ да излезе од опозицискиот филм, му одговори Петрушевски на Илиевски

    „Жално е и што СДСМ по скоро 4 години власт никако да излезе од опозицискиот филм. Но веќе на сите им е јасно зошто тоа го прават: - Затоа што СДСМ во Куманово не направи ништо! И затоа прашуваат што ВМРО-ДПМНЕ направило во Куманово, свесно заборавајќи ги и игнорирајќи ги проектите на ВМРО-ДПМНЕ како Ургентниот центар, рехабилитација на автопатската делница Куманово - Миладиновци, изградбата на автопатската делница Куманово - ГП Табановце, спортската сала Панко Брашнаров во населбата Карпош, реконструкцијата на локалениот пат Куманово - с. Пчиња, тениските игралишта... Заборавија на странските инвестиции кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ, каде своја егзистенција најдоа голем број кумановци... Заборавија дека воопшто поимот субвенции во земјоделието како политика е воведена од ВМРО-ДПМНЕ! Лично сметам дека ова не е доволно за кумановци, но сепак од СДСМ забораваат на сето ова затоа што им е срам, оти ништо не направија во Куманово“, - стои во писмената реакција на Петрушевски.

    Тој додава дека е жално што е одбиена неговата подадена рака за формирање на кумановска платформа и заедничка борба за Куманов, но уверен е дека никој од СДСМ Куманово нема да го послуша нивниот секретар, особено што е охрабрен од прифаќањето на неговата идеја од страна на градоначалникот на Куманово.