×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ е партија која се стреми за родова рамноправност, кажа советничката Николиќ

    29.10.2020 16:14 | KumanovoNews

    СДСМ е партија која се стреми за родова рамноправност, поради што на последниот конгерес донесовме одлука за застапеност на двата пола подеднакво во телата на партијата, рече на денешната прес-конференција советничката во Советот на Општина Куманово,  Ивана Николиќ.

    СДСМ е партија која се стреми за родова рамноправност, кажа советничката Николиќ

    - За првпат во историјата на партијата, Форумот на жени на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија се регулираат како трајни и статутарно предвидени форми на организирање. Претседателите на Форумот на жени и на СДММ ќе учествуваат во работата на извршните органи, со право на глас, на сите нивоа. Воедно, старосната граница во партијата ја израмнуваме со најпрогресивните европски стандарди, - истакна Николиќ.

    Таа додаде дека една од важните одлуки донесена на конгресот е и тоа што претседателот на партијата ќе се избира на внатре партиски избори.

     - Следната година, кога истекува мандатот на ова раководство, за првпат во историјата на државата една политичка партија својот претседател ќе го избира на внатрепартиски, непосредни избори. Новиот претседател на СДСМ ќе биде избран на директни, фер, слободни партиски избори. За претседател на СДСМ ќе може да се кандидира секој член со најмалку 5 години работа во партијата и со поминат најмалку еден мандат како член на централниот одбор со право на глас. Ова е врвен чин на демократизација и пионерски чекор во партиското дејствување во Република Северна Македонија, - додаде Николиќ.

    За првпат во СДСМ се формира и Форум на пензионери кадешто највозрасни членови ќе може да ги даваат своите идеи и предлози.