Мени

СДСМ: Го решивме деценискиот проблем со недостиг на лекови

02.10.2019 11:20 | KumanovoNews

Пред градската аптека во Куманово, СДСМ денеска одржа прес конференција, по повод спроведување на мерката за укинување на квотите на лековите на рецепт.

СДСМ: Го решивме деценискиот проблем со недостиг на лекови

При тоа беше нагласено дека граѓаните од сега па натаму ќе можат да го подигнат потребниот лек од која било аптека, кој било ден од месецот, без страв од недостиг од лекот.

„Со укинување на квотите за лекови на рецепт го решаваме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец. Со оваа мерка истовремено се зголемува и контролата при издавањето на лековите од позитивната листа ма Фондот на здравствено осигурување и се елиминира фаворизирањето на аптеките и спречување на конкуренцијата“- рече на прес конференцијата Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на СДСМ Куманово.

Во рамките на мерките за подобрување на здравствениот систем, квотите за лекови се минато, додаде таа, со што се воведени три нови инсулини и дополнителни десет инсулински пумпи за дијабетичарите, а и значително се зголемени средствата за нови лекови за лицата со ретки болести.

Од ноември се очекува зголемување на капитацијата на матичните лекари и продолжување со мерките и политиките, кои ќе ја вратат довербата во јавното здравство и ќе ја зголемат грижата за граѓаните.