×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ ја привршува обиколката во Куманово

    24.06.2012 10:53 | KumanovoNews

     Пратеници и претставници на СДСМ, постета во кумановско ќе ја завршат со вечерашниот митинг на Градскиот плоштад, а вчера посетиле околу 45 месни заедници, вклучувајќи ги и козјачките села Старо Нагоричане, Алгуња и драгоманце, како и Агино Село, Орашац, Клечовце, Тромеѓа и други.

    СДСМ ја привршува обиколката во Куманово

    Денеска обиколката продолжува во приградските населби.

    Невработеноста, сиромаштијата и задолженоста на државата се најголемите проблеми кои ги мачат граѓаните. Напладне беше посетена спортската сала во населбата Перо Чичо.

    Нашата главна точка ќе биде економскиот развој на Република Македонија. Нема да се занимаваме со разни споменици, барокно рокококни зданија, врби и така натаму. Ќе правиме објекти кои ќе ги користат младите и кои на некој начин ќе дадат подем во економскиот развој. Во моментов локалната самоуправа Куманово има три капитални инвестиции и над 38 инфраструктурни проекти. Економски даваме шанса да се вработат луѓето - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Викендов раководството на СДСМ се сретна со 10.000 луѓе. Радмила Шеќеринска вели дека тие повеќе слушале одошто зборувале бидејќи во кумановско има армија невработени и земјоделци кои не земале субвенции . Таа додава дека граѓаните се незадоволни од корупцијата која владее во државата и од погубните политики.

    Ова денеска што го гледаме е уште еден пример зошто СДСМ ќе победи во Куманово. Наместо да трошиме пари на жални врби, да трошиме пари на следни генерации кои ќе живеат подобро во оваа општина. Ќе продолжиме со акцијата “Крени го гласот“. Денеска ги поканувам сите граѓани на Куманово да покажат дека стравот веќе не живее. Стравот замина, а на заминување е и оваа лоша власт - изјави Шеќеринска.

    Вечерва актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски ќе биде промовиран како кандидат кој ќе се бори за трет мандат. Протестниот митинг ќе почне во 20 часот на Градскиот плоштад.