×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ не го објави кадидатот за градоначалник на Куманово - ќе прави дополнителни анализи кој е најдобар

    25.08.2021 19:10 | Сузана Николиќ

    Анализите во останатите општини остануваат и во следните денови, ќе има нов состанок на извршниот одбор и до крајот на месецот верувам дека ќе ја заокружиме целата кадровска понуда, изјави денеска потпретседателот на СДСМ Љупчо Николовски, по објавувањето на нови 12 кандидати за градоначалници, меѓу кои не се најде кандидатот за Куманово. 

    СДСМ не го објави кадидатот за градоначалник на Куманово - ќе прави дополнителни анализи кој е најдобар

    По тврдењата дека синоќа на извршниот одбор имало жестока расправија, а копјата се кршеле токму околу кандидатот за Куманово, Николовски го тврдеше спротивното.

    „Воопшто немаше жестока дебата, туку имаше дебата за секоја општина поединечно, со анализа на сите истражувања, со внатрепартиските истражувања, онака како што членството гласаше за кандидатите. Во некои од општините ги повторуваме анкетите. Во Куманово, Крива Паланка, Кочани, Битола, Центар, Карпош, СДСМ победува со било кој од нашите утврдени кандидати, пред било кој кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Така да СДСМ и раководството и извршниот одбор, вчера дискутираа за сите вредности, за сите политки, за тоа дека кандидатите на СДСМ првин мора да ги прифатат политиките и вредностите за кои што се бориме. Тоа е НАТО, ЕУ, тоа е силниот напредок, моторот и движечката сила на промените“, изјави Николовски.

    Тој додаде дека во Куманово и Крива Паланка, партиската поддршка и разликата во сите овие анкети е над 10 проценти во предност на СДСМ.

    Кандидатури за градоначалник на Куманово во партијата достави актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, претседателката на Советот Атина Мургашанска, пратеникот Мартин Костовски и секретарот на партијата Оливер Илиевски. 

    На анкетите коишто ги спроведува партијата додадени се и имињата на директорката на Кумановската болница, Снежана Захариева и на поранешниот пратеник Љубиша Николиќ. 

    Досега во Североисточниот регион познати се кандидатурите нa актуелната градоначалничка на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, која доби поддршка за уште еден мандат, а денеска беше промовиран и кандидатот за градоначалник на Кратово, Влатко Бојковски, дипломиран инженер по информатика.