СДСМ организира еколошка акција на Зелен рид
19.09.2019 11:15
| KumanovoNews
Во сабота ќе се одржи еколошка акција во населбата Зелен рид. Акцијата ја организира општинската организација на СДСМ, со поддршка на Општината, ЈП „Чистота и зеленило“ и урбаната заедница од населбата.
„Од овој викенд започнуваме со еколошки акции за расчистување и разубавување на градот, а врз основа на барањата на граѓаните кои се доставени до надлежните. Ќе чистиме на локацијата кај старата пошта. Не случајно тргниваме од ова место бидејќи многу е запуштено. Целиот простор ќе биде искосен и исчистен“, - вели Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово.
Акцијата ќе започна во 12 часот. Костовски ги повикува и ги потикнува жителите на насебата да дојдат во што поголем број, за да се исчисти што поголем простор.

