СДСМ организира трибина „Најдоброто за нашата општина“
29.06.2021 15:55
| KumanovoNews
Општинската организација на СДСМ Куманово, утре во 20 часот на паркингот пред Затворениот базен организира трибина на тема „Најдоброто за нашата општина“.
На трибината ќе присуствуваат потпретседателот на СДСМ и министер Оливер Спасовски, градоначалникот Максим Димитриевски, пратениците Мартин Костовски и Лидија Тасевска, како и други претставници од партиското раководство.
„Почитувани сограѓани, со вашето учество на трибината градиме нова програма и ја создаваме најдобрата кадровска понуда за општината. Подготвени сме да понудиме најдобра понуда за локалните избори, најдобри решенија и најдоброто за нашата општина“, изјави Катерина Пешиќ Бошковска- портпарол на ОО СДСМ Куманово.

