×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ освои 17.254 гласови, ВМРО-ДПМНЕ 13.627, излезноста 48.67 отсто во Куманово

    17.07.2020 13:07 | KumanovoNews

    Во Општина Куманово правото на глас на парламентарните избори го искористиле 48.67 отсто од граѓаните, од вкупно 92.167 запишани во Избирачкиот список. Неважечки ливчиња имало 1.843, информираат од Општинската изборна комисија(ОИК).

    СДСМ освои 17.254 гласови, ВМРО-ДПМНЕ 13.627, излезноста 48.67 отсто во Куманово

    Најмногу гласови 17.254 освои СДСМ, односно 3.618 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ која освои 13.627 гласови.

    Како што покажуваат податоците од ОИК Куманово, на третото место се наоѓа Алијансата на Албанците со освоени 5.470 гласови, додека пак на четвртото место е ДУИ со освоени 4.399 гласовии на петто место Левица со 1.705.

    „Од другите партии ДПА освои 568 гласа, Политичка партија демократи 60 гласа, Политичка партија Глас 163, ГДУ 189, Интегра 821, СДУ 112, Единствена Македонија 134, МОРО 119, Народна партија на Ромите 236 и Твоја партија 113“, соопштува Драган Јовановски, претседател на Општинската изборна комисија во Куманово.

    Во Општината Старо Нагоричане, СДСМ и коалицијата „Можеме“ освоија 146 гласови повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и колацијата за „Обнова на Македонија.

    (Ф.Марковска)