×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Уредување на паркингот кај спортската сала е во интерес и по барање на граѓаните

    29.01.2020 14:20 | KumanovoNews

    Очигледно е дека претставниците на опозицијата ја искривуваат сликата за залагањето на градоначалникот и Општината за уредувањето и одржувањето на паркинг-просторот пред Градскиот базен во Куманово, истакнаа денес на прес-конференцијата од општинската организација на СДСМ од Куманово.

    СДСМ: Уредување на паркингот кај спортската сала е во интерес и по барање на граѓаните

    Портпаролот на СДСМ,  Катерина Пешиќ Бошковска, вели дека одлуката за наплата на паркинг простор ја носи Советот на Општината по претходна јавна расправа, кој е избран во името на граѓаните на Куманово.

    - Во интерес, а и на барање на самите граѓани кои живеат во непосредна близина, за посетителите како и за самите спортски објекти, е да се уреди начинот на одржување на овој паркин простор. Целта е, да се прекинат концесии и договори со приватни лица да се користи паркинг-простор кој треба да му служи на спортскиот комплекс, а не истиот да биде користен за паркинг на шлепери, камиони за продавање овошје и зеленчук и складирање на автомобили кои не се во употреба,- вели Пешиќ Бошковска.

    Што се однесува до обвинувањата на опозицијата дека се уништува спортскиот комплекс како и дека Општината и градоначалникот го уништуваат Куманово, Пешиќ Бошковска вели дека од опозицијата треба да се потсетат дека зборуваат за комплекс кој до неодамна беше во нивна надлежност, кога ВМРО ја имаше централната власт.

    - Ве молам дали сте сериозни? Зборувате за спортски комплекс кој до скоро беше во ваша надлежност, а за кој воопшто не ви беше грижа како изгледа и одвнатре и онадвор, тука неизбежно е да се споменат и Градското стрелиште како и Градскиот фудбалски стадион. Зборувате за период во кој вие бевте на централна власт, а Куманово за вас не постоеше за инвестиции. Не можете само поради изборен маркетинг, да ја манипулирате јавноста дека Спортската сала сега е уништена, кога со години ја гледаме во иста состојба. Со враќањето во сопственост на Спортската сала како и на објектот Соколана, градоначалникот и Општина Куманово, заедно со Владата ќе почне со реконструкција на истите, а ќе продолжи со изградба на училишни спортски сали и санацијата на веќе постоечките. Досега се реконструирани повеќе училишни спортски сали, а изградени се и три нови,- додава портпаролот на СДСМ во Куманово.

    Од општинската организација на СДСМ, велат и дека на ВМРО-ДПМНЕ им се неосновани обвинувањата дека Општината нема изградено пет катни гаражи, затоа што во програмата се предвидени три катни гаражи во период од 8 години, а дека досега е поставена една катна гаража и се уредени три паркинг места (зад Мај маркет, спроти АРМ и зад ЦКБ банка), со што се спречува неуредното паркирање во градот.