×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ утврди уште неколку кандидати за градоначалници, имињата ќе ги објави во текот на денот

    25.08.2021 07:42 | Сузана Николиќ

    Извршниот одбор на СДСМ синоќа одржа седница на која беа дефинирани уште неколку нови, дополнителни кандидати за градоначалници.

    СДСМ утврди уште неколку кандидати за градоначалници, имињата ќе ги објави во текот на денот

    „Сите утврдени кандидати се дел од најдобрата понуда на СДСМ за локалните избори, а ќе бидат објавени во текот на денот.
    Како што веќе најави, СДСМ во фази ја објавува победничка понуда со која излегува пред граѓаните како фаворит на локалните избори“, соопштуваат од партијата.

    Кандидатури за градоначалник на Куманово од СДСМ доставија: Максим Димитриевски, Атина Мургашанска, Мартин Костовски и Оливер Илиевски. На анкетите коишто ги спроведува партијата се вртат и имињата на Снежана Захариева и Љубиша Николиќ.