СДСМ вечерва на конвенција ќе ги промовира кандидатот за градоначалник и листата на советници
Општинската организација на СДСМ Куманово, вечерва официјално ќе ги претстави кандидатот за градоначалник Мартин Костовски и листата на советници и коалицијата предводена од Томица Илиќ.

„Овој настан претставува почеток на кампањата за овие локални избори и е значаен чекор во градењето на една нова, одговорна и транспарентна локална власт. Нашиот тим е составен од луѓе со интегритет и силна волја да работат за подобар живот на сите жители на нашиот град. Ве покануваме вечерва, во салата во поранешен Комитет со почеток од 20 часот, каде сите ќе имате можност да се запознаете со нашата изборна Програма сочинета од реални и остварливи проекти како и решенијата што ги нудиме за најважните предизвици со кои се соочуваме. СДСМ е партија на своите граѓани, на своите поддржувачи, луѓе кои во најтешките моменти секогаш биле на вистинската страна. Ве повикуваме сите заедно да упатиме силна порака од Куманово дека ќе се бориме за нашиот дом и дека сепак најдоброто доаѓа од СДСМ“, кажа Илиќ, на денешната прес - конференција.