×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ купува гласови пред изборите

    04.04.2014 14:38 | KumanovoNews

    СДСМ денеска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека купува гласови за престојните претседателски и парламентарни избори со тоа што испраќа писма до граѓаните кои добиле сретства од 3000 евра за проекти за самокредитирање.

    СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ купува гласови пред изборите

    Во време на стартот на кампањата за предвремените парламентарни избори, ДПМНЕ со овие писма докажува дека таа помош со самокредитирање е во една рака наменета исклучиво за нивни членови, а во друга, дека се работи за класично купување на гласови. Во иститот дух, битно да се напомене е дека неодамна, речиси дваесет од вкупно 22 фирми апликанти за земање практиканти се одбиени на конкурсот без притоа да се наведе причината и на истите одбиени фирми.Јавно упатуваме прашања до ДПМНЕ, до кога ќе ја партизираат државата и до кога ќе манипулираат со граѓаните дека наводно тие се грижат за нив, а всушност на еден мизерен начин се промовираат самите себе си, користејќи ги државните служби кои треба да бидат во функција на граѓаните, односно, го користат своето партиско лого за самопромовирање и саморекламирање во време кога во државата се одвиваат двојни изборни кампањи. Со тоа тие внесуваат непотребен немир кај граѓаните и праќаат порака дека доколку не сте член на владејачката партија, не ви следува никава помош ниту бенефиција од државата, односно со наметување на партиските обележја на фирмите кои ќе ја користат гореспоменатата помош, им даваат до знаење дека на овие избори, се очекува добиената помош да се преточи во давање гласови за нивната партија- рече на денешната прес-конференција портпаролот Сашо Тодоровски.