СДСМ води во Куманово со 3500 гласови, кажа Николовски
15.07.2020 22:01
| KumanovoNews
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, вечерва на прес конференција кажа дека СДСМ во Куманово води со 3.500 гласови предност.

Победуваме во Битола, Куманово, Центар и мојата Крива Паланка, потоа Ресен, Крушево, Дебар, Долнени, Лозово и на други места, како и во Прилеп, Берово, Делчево, Кочани, рече Николовски.
Предходно претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски, рече дека се обработени над 70 отсто од гласачките ливчиња и разликата на бројот на гласови на двете најголеми партии е околу 1 отсто.
Николовски на конференцијата прогласи победа на СДСМ со најмалку два мандата на парламантарните избори.