Се асфалтира паркингот кај Мај маркет
25.07.2015 10:00
| KumanovoNews
Започна асфалтирањето на паркингот на зградите на Октомвриска револуција кај Мај Маркет.
Утринава работници со специјална механизација го подготвуваа теренот за асфалтирање.
Од локалната самоуправа информираа дека се работи за санација на површина од 1500 квадрати.
Станарите од околните згради задоволни се што конечно од локалната самоуправа се сетија да ја поправат улицата и паркингот, но велат дека асфалтот брзо ќе се уништи бидејќи тука секојдневно поминуваат тешки камиони, кои работата на изградба на трите нови згради.