Се чисти речното коритото на Липковка
10.09.2022 14:58
| Сузана Николиќ
Општина Куманово започна со чистење на речното корито на реката Липковка во населбата покрај стадион Башкими.

На терен се работи од почетокот на неделата, и со механизација се отстранува вегетацијата и се вади сметот од речното корито. Во наредната фаза е предвидено чистење и на реките Којнарка и Кумановка на кејот и кон населбата Проевце.
Фрлањето на смет во речните корита од страна на жителите во населбите Циглана, Средорек и Бавчи, е проблем кој се провлекува со децении. Не помагаат апелите и акциите за чистењето на надлежните, па граѓаните бараат строги казни за решавање на овој сериозен проблем.