Се доуредува спортскиот комплекс во Крива Паланка
Отворена ВИП ложа, соблекувални и други помошни простории ќе бидат соодветно уредени преку целосно реновирање на помошниот објект на фудбалскиот терен од спортскиот комплекс во Крива Паланка.

„Проектот е дел од модернизацијата и осовременување на спортската инфраструктура во општината. Овој објект ќе биде комплетно реновиран, внатрешно и надворешно, заедно со пристапот. Истовремено, ќе бидат поставени и фото-волтаични панели за затоплување и обезбедување топла вода, со што ја вклучуваме и енергетската ефикасност на спортскиот комплекс, посочува градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски
Инвестицијата изнесува околу 1.2 милиони денари, обезбедена од Агенцијата за млади и спорт, во рамки на програмата за изградба на нови објекти и реконструкција на постојните објекти за 2021 година.
(Ж.Ц.)