×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се гради атмосферска канализација на улицата „Христијан Карпош“ во Куманово

    12.08.2020 11:09 | KumanovoNews

     Согласно програмата на Општина Куманово за комунално уредување започнаа работите на изградбата на нова атмосферска канализација на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, наспроти Општата болница во Куманово.

    Се гради атмосферска канализација на улицата „Христијан Карпош“ во Куманово

    „Во моментот работиме на изградба на атмосферска канализација на околу 100 метри на улицата, а за целата улица „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе треба да се направи техничка документација во наредниот период. Вредноста на изградбата е еден милион денари“, изјави Момчило Јовановски, од Секторот за комунални работи.

    Изградбата на фекалната канализација се очекува да заврши за околу две недели. Изведувач на работите е градежната фирма „Билдинг“ од Скопје.