Се истражуваат иконостасите на црквите
10.07.2015 17:37
| KumanovoNews
Екипа од Кумановскиот музеј започна со истражување на творештвото на Хаџи Коста Зограф и иконостасот на црквите во кумановско, паланечко и кратовско.

При тоа ќе бидат посетени сите цркви кои се изградени до Втората светска војна.
“Ги посетивме црквите во селата Пчиња, Винце, Студена Бара, Ранковце, Туралево, сега сме во Бајловце, а ќе ги посетиме и Пелинце и Старо Нагоричане. “-вели Славица Крстиќ, историчар на уметност во Музеј Куманово.
Крстиќ објаснува дека по завршување на теренското истражување, во октомври ќе организираат изложба за иконостасите на црквите.