Мени

Се изврши дезинсекција на комарци во Куманово

26.05.2020 10:18 | KumanovoNews

На подрачјето на Куманово, утринава е извршена првата терестичка дезинсекција за уништување на возрасни форми на комарци.

Се изврши дезинсекција на комарци во Куманово

Дезинсекцијата е изведена во раните утрински часови со почеток од 24 – 4 часот.

„По претходно изготвен план за динамиката на активностите, со дезинсекција се опфатени 200 хектари површина на следниве локации – површини по течение на реките Кумановка, Којнарка, површина под трска – с. Речица, Серава, потесно градско подрачје и м.в. Бара“, информираат од Општина Куманово.