Се кастрат суви дрвја и гранки
28.04.2014 11:49
| KumanovoNews
На повеќе локации во градот на барање на граѓаните ќе се сечат стари дрвја и гранки кои пречат на прозорците и влезовите во зградите.
Ќе се кастрат дрвја на улиците “Октомвриска револуција“, “Иво Лола Рибар“, “Железничка“, “Благој Илиев - Гуне“, “Драган Стопаревиќ“, “Страшо Пинџур“ и други.
Имаме многу барања од граѓани и како пристигнуваат така ќе ги завршуваме. Ги сечеме дрвјата што пречат на фасади, на прозорци или при поминување. Онаму каде што има струјни проводници ги советуваме да се обратат до ЕВН - вели Благица Јовановска од секторот за техничко - технолошки работи во ЈП “Чистота и зеленило“.
Во овој дел од годината во претпријатието стигаат и барањата за средување на тревниците пред зградите.

