Се мијат улиците и ќе се дезинфицираат контејнерите во градот
Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово во наредниот период ќе превземе низа мерки, заради спречување на ширењето на коронавирусот.
Директорот Даниел Стојчевски, вели дека ќе се врши редовно перење на улиците во градот и населбите, дезинфекција на контејнерите за отпад и дезинфекција на опремата со која што располагаат. Исто така и вработените ќе бидат ставени на располагање и во служба на граѓаните во наредниот период.
- Денеска ќе се мијат улиците во населбите Бабин Дол и Гоце Делчев, како и улицата Никола Тесла. Бараме разбирање од граѓаните поради процесот кој ќе се одвива во наредниот период и воедно упатуваме апел да се придржуваме до препораките на Владата се со цел да се заштитиме себеси, луѓето околу нас, но да ги заштитиме и вработените и луѓето кои ќе бидат на терен и ќе се грижат за полесно надминување на оваа состојба, - истакна Стојчевски.

