Се намалуваат цените на горивата од полноќ
Бензините поевтинуваат за половина, дизелот за еден денар. Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали цените на нафтените деривати и со новите измени се предвидува поевтинување и на дизелот и на бензините.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 48 и 50 денари за еден литар.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1 денар за литар и ќе изнесува 45 денари.
Намалување има и кај малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,50 денари/литар и ќе изнесува 33,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,921 ден/кг и ќе изнесува 17,970 ден/кг.