Се обидел да украде автомобил „застава“, полицијата го привела
03.02.2024 11:25
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово привеле 30-годишен кумановец, затоа што сакал да украде автомобил.

„Тој се сомничи дека се обидел да одземе патничко возило „застава“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ј.(76) од Куманово. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.