×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржува кампот „Буверо“ во организација на НРЦ

    17.08.2017 13:52 | KumanovoNews

    Дванаесет девојки од ромска националност од Македонија, Србија и Бугарија, учествуваат на медиа кампот „Буверо“, кој од 11 до 20 август се одржува во комплексот Етно-село во Куманово.

    Се одржува кампот „Буверо“ во организација на НРЦ

    Целта на проектот е развој на професионалните вештини на младите жени за продукција на аудио-визуелни матерјали, креирање мрежи за комуникација и презентирање на ромската култура преку медиумите.

    „Овие учеснички од овде ќе понесат многу нови знаења од областа на новинарството, фотографијата, видео презентацијата, филмот итн. Поентата е тие да се способни да прават новинарски записи со она што располагаат и да ги користат таму каде им е потребно. Ги лоциравме проблемите на кои тие подоцна треба да работат. Од искуството што го имаме од предходните години најголем дел од учесничките се активни во невладиниот сектор, а некои од нив се во медиумите., - изјави Славица Ќурчинска, организатор и предавач.

    Девојките, ученички и студентки на возраст од 16 до 26 години, до крајот на кампот ќе изработат три видео приказни, по сценариа од нивните животи, кои ќе бидат презентирани пред јавноста. Искуството од минатите години покажало дека дел од животните приказни добиле награди и признанија на фестивали за документарен филм.

    „Стекнавме одредени знаења во користење на медиумите во нашата работа. Морам да бидам искрена дека обуката ги надмина моите очекувања, бидејќи работиме со професионалци и осознаваме практични работи кои се многу применливи. Тоа што можеме да го искористиме е поврзувањето во мрежа за проток на информации и промовирање на нашите активности, но и користење на самите медиуми како алатка за социјалните медиуми“, - изјави Тања Ѓорѓевиќ од Крагуевац.

    „Сакам да кажам дека кампот „Буверо“(школка) е единствена прилика да се соберат различни луѓе, кои ги соединува заедничка работа,тоа што се Ромки. Секоја од нас е единствена и метафорично носи во себе бисер, кој е единствен и непроценлив, - Џенет Коко(26) од Белград.

    Претседателот на Националниот ромски центар(НРЦ) Ашмет Елезовски, вели дека е презадоволен од потенцијалот на младите девојки, организацијата и посетеноста на кампот, и се надева дека од идната година ќе го подигнат квалитетот на уште повисоко ниво и ќе го организираат надвор од државата.

     Проектот е подржан од програмата „Европа за граѓаните“ во партнерство со фонадацијата „Ромадиа“. Се одржува 5 година по ред од кои три во оргганизација на НРЦ Куманово.