Се олеснува пререгистрацијата на невработените во ФЗОМ
25.12.2014 14:06
| KumanovoNews
Од следната година ќе се олесни пререгистрацијата на невработените во Фондот за здравствено осигурување.

Невработените нема повеќа лично да одат во канцелариите за да се пререгистрираат, туку Фондот по службена должност во УЈП ќе провери дали минатата година граѓаните имале приходи и дали го поминале дозволениот лимит. Со ова ќе се намали метежот во просториите на ФЗОМ.