×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се отвараат телефонски линии за психолошка поддршка за граѓаните

    16.03.2020 12:28 | KumanovoNews

    Клиниката за психијатрија во Скопје ќе отвори телефонски линии за психолошка поддршка на граѓани и ранливи групи, засегнати од коронавирусот.

    Се отвараат телефонски линии за психолошка поддршка за граѓаните

    Како што најави министерот за здраство Венко Филипче, броевите ќе бидат објавени во текот на овој ден.

    - Психолошката поддршка ќе биде наменета за родители на деца на училишна и предучилишна возраст, понатаму психолошка поддршка ќе биде понудена на лица во самоизолација и психолошка поддршка ќе биде понудена за граѓаните од Дебар и Центар Жупа, во соработка со болницата во Дебар,- рече Венко Филипче на денешната прес-конференција.

    Исто така, согласно мерките за превенција од КОВИД-19, ќе се ослободи и еден родител на децата со цистична фиброза.

    Од денеска е спремен и списокот на лекари анестезиолози и медицински сестри коишто по потреба ќе ротираат во институциите, каде што ќе биде потребно.  На располагање се близу 440 медицински сестри и 200 анестезиолози од целата држава, а откажан е и хроничниот програм во сите хирушки одделенија.