×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се поставуваат заштитни столпчиња на тротоарот покрај економското училиште

    07.11.2020 12:53 | KumanovoNews

    Општина Куманово започна со поставување на метални столпчиња на тротоарот на улицата „Пиринска Македонија“, со цел да ги заштити пешачките патеки од несовесни возачи.

    Се поставуваат заштитни столпчиња на тротоарот покрај економското училиште

    Градоначалникот Максим Димитриевски, напиша дека се поставуваат метални столпчиња пред СОУ „Перо Наков“, за одделување на пешачкиот од моторен сообраќај, со цел зголемување на безбедноста на пешаците во сообраќајот.

    Раководителот на Секторот за сообраќаја во Општина Куманово, Бојан Петковски, вели дека поставувањето на стобчињата е според годишната програма и таа ќе продолжи и во наредниот период.

    - Продолживме со поставување на заштитни столбчиња за разделување на пешачкиот сообраќај од моторниот сообраќај на ул. „Пиринска Македонија“ од крстосницата помеѓу ул. „Октомвриска Револуција“ и ул. „Пиринска Македонија до крстосница помеѓу ул. „Пиринска Македонија“ и ул. „Моша Пијаде“, согласно приложениот Основен сообраќаен проект од изготвувач на техничка документација за Основен проект, ЈП “Куманово План” - Куманово. Реализацијата е спроведена согласно годишна програма за развој и одржвање на локални улици и патишта за 2020 година на подрачје на Општина Куманово, - изјави Бобан Петковски, раководител на Секторот за сообраќај во Општина Куманово.

    За наредната година предвидено е поставување на заштитни столпчиња на улицата „Моша Пијаде“ и „Иво Лола Рибар“, а потоа и на булеварот „Трета МУБ“, и „11 Ноември“.

    Поставувањето на столпчињата низ градот наидува на различни коментари кај граѓаните. Додека едни подржуваа други сметаат дека тоа е непотребно.

    Досега вакви заштита е поставени на булеварот „Октомвриска револуција“ и во централното градско подрачје.