×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се предлага да се откажат јавните собири, а спортските натпревари да се играат без публика до 13 март

    05.03.2020 14:10 | KumanovoNews

    Министерот за здравство Венко Филипче и` предложил на Владата да ја продолжи препораката за неодржување на јавните собири и спортските натпревари без публика, до 13 март.

    Се предлага да се откажат јавните собири, а спортските натпревари да се играат без публика до 13 март

    „Препораката да не се одржуваат масовни собири, како и големи спортски натпревари, на коишто очекуваме луѓе од странство, да се одржуваат без публика и да се продолжи уште една недела, до 13-ти март - следниот петок. Оваа мерка доаѓа како резултат на тоа што бројот на лица во Европа континуирано се зголемува“, информираше министерот Филипче.

    Тој истакна дека нема нови тестирани пациенти на корона вирус на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Здравствената состојба на единствената пациентка со корона вирус е добра.

    Министерот Филипче соопшти дека екипа на епидемиолози прават разговор со двајца странци сместени во хотел во центарот на Скопје, кои во изминатите 3 дена имаат симптоми на настинка. Во државата стигнале на 28 февруари со авионот на „Wizz Air“ од Келн. Едниот е државјанин на Австралија, а другиот на Сингапур. Со епидемиолозите разговараат за контактите што ги имале и за 3 до 4 часа ќе бидат готови и нивните резултати од тестирањето на корона. Тие засега остануваат изолирани во хотелската соба каде што двајцата биле сместени.

    Околу 4250 лица се заболени од корона вирус во регионот Европа, скоро 1000 повеќе од вчерашниот ден. Во нашиот регион, има нови пациенти со корона вирус, еден во Словенија и двајца во Република Српска.