Мени

Се пролонгира рокот за аплицирање за субвенции

01.06.2015 10:13 | KumanovoNews

Рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделско и сточарско производство се пролонгира и ќе трае до 30 јуни.

Се пролонгира рокот за аплицирање за субвенции

Оваа одлука ја донесе Владата за да им излезе во пресрет на земјоделците. Во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Куманово деновиве има голем метеж и фармерите брзаат да поднесат барања. Претходно рокот за аплицирање беше до крајот на мај.