×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Се расчистува дивата депонија на влезот на „Перо Чичо“

    27.04.2022 10:26 | Сузана Николиќ

    Вчера, по кој знае кој пат, започна да се чисти дивата депонија на влезот од населбата „Перо Чичо“.

    Се расчистува дивата депонија на влезот на „Перо Чичо“

    Граѓаните кои живеат во близина на депонијата ја поздравуваат акцијата, но велат дека попусто се чисти ако не се спроведуваат постојани контроли и не се казнат несовесните граѓани. 

    Тие бараат и поставување на повеќе контејнери и редовно собирање на ѓубрето, а не да се чека сметот да се натрупа, па тогаш да се реагира. 

    Депонијата беше целосно исчистена пред само десетина месеци, но жителите од околните куќи продолжија со старите навики да го фрлаат сметот под куќите, неводејќи грижа за животната средина ниту за последиците по здравјето.

    Затрпано во ѓубре и уништено е и детското катче, кое беше изградено пред две години од невладина организација.

     Градоначалникот Максим Димитриевски ги повика сите граѓани на повисока еколошка свест и подобрување на комуналната хигиена во градот.

    „Само заедно можеме да го надминеме овој проблем и целосно да го искорениме оваа девијантно однесување на поедини несовесни граѓани кое го загадува нашето окружување и средината каде што растат нашите најмили“, кажа Димитриевски.

    Покрај загадувањето на почвата и опасност од појава на заразни болести, ѓубрето на депонијата ги труе куманоци, затоа што постојано се пали, па жителите од понискиот дел на градот,  се душат во чад и не можат прозор да отворат од смрдеата и загадениот воздух.

    Во Куманово има над 80 диви депонии, а највалкано е на влезот на населбата „Перо Чичо“ и во речните корита на Кумановска, Којнарка и Липковка. 

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk