Сe распушти Собранието, избори на 12 април
16.02.2020 17:01
| KumanovoNews
Со 108 гласови „за“, попладнево Собранието се распушти заради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Одлуката треба да биде објавена во Службен весник, по што претседателот на собранието Талат Џафери ќе треба да ги распише изборите.
Пред распуштање на Парламентот, власта успеа да обезбеди двотретинско мнозинство и со 80 гласови „за“ беше донесен Законот за јавно обвинителство, како и Законот за одбрана.