×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се реализира проектот за уредување на Спомен костурница

    27.11.2020 14:39 | KumanovoNews

    Денеска започнува реализацијата на проектот за уредување на комплексот кај Спомен костурница во Куманово.

    Се реализира проектот за уредување на Спомен костурница

    Максим Димитриевски, градоначалникот на Општина Куманово, денеска ги објави предвидените активности за реализацијата на проектот кој е предвидено да заврши до мај 2021 година.

    „ Согласно проектот е предвидено изградба на амфитеатар на постоечкото игралиште, изградба на три нови спортски терени, трим патеки за пешачење и трчање, поставување на опрема за вежбање и рекреирање, нова урбана опрема, осветлување и дополнително озеленување со нови садници“, напиша Димитриевски.

    Општина Куманово, уредувањето на Спомен костурница го спроведува во соработка со Општина Гњилане, преку проектот „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство“-за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија. Преку проектот се предвидени 477.000 евра за партерно уредување на Спомен костурницата во Куманово и реконструкција на музејот во Гњилане.

    (Ф.М.)