×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се реконструира училишната зграда на Гимназијата „Гоце Делчев“

    16.11.2021 06:27 | Сузана Николиќ

    Интензивно се работи на реконструкција на училишната зграда и спортската сала во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.

    Се реконструира училишната зграда на Гимназијата „Гоце Делчев“

    Како што информираат од Општина Куманово во тек се градежни активности на поставување на нова енергетско ефикасна фасада и се врши замена на покривната површина и се поставува нова изолација.

    „Се врши реконструкција во училишната спортска сала каде се поставува нова гумирана подлога, а следува и обнова на ѕидни површини и спортските реквизити. Во училниците се врши молерисување и поставување на ново ЛЕД осветлување. Извршена е замена на старите прозорци во училниците, училишните ходници и административни простории со нови прозорци со термопан стакла“, рече градоначалникот Максим Димитриевски.

     И покрај зафатот непречено се изведува наставата во училишниот објект. Училишната зграда на гиманзијата е изградена во средината на 40-тите години од минатиот век.